ОПШТА И ПРЕВЕНТИВНА СТОМАТОЛОГИЈА
ПОДОБРО ДА СЕ СПРЕЧИ ОТКОЛКУ ДА СЕ ЛЕЧИ
Со редовни прегледи кај стоматолог на секои 6 месеци, со примена на превентивни мерки и едукација на пациентите за правилна нега на забите се спречува заболување на забите -кариес и на гингивите-пародонтални заболувања.
– ДЕТСКА И ПРЕВЕНТИВНА СТОМАТОЛОГИЈА-
Нашиот тим посветува особено внимание на едукација кај децата како правилно да се воспостави орална хигиена и стекнување на хигиенски навики. Едукација за правилна исхрана и како шеќерите и газираните пијалоци влијаат врз здравјето на забите.
Се внимава на:
– навремена смена на млечните заби,
– откривање на ородонтски аномалии во рана возраст,
– рано откривање на кариес на млечните заби и нивно третирање со гласјономерни полнења
– лекување на млечни заби- како последица на ненавремено третиран кариес
– лекување на млади трајни заби со незавршен раст на корен.
– КОНЗЕРВАТИВНА СТОМАТОЛОГИЈА-
Подразбира навремено откривање на кариесот и негово третирање.
КАРИЕС -најчесто заболување на забите кое доколку не се третира навреме доведува и до губење за забот. Кариесот е оштетување на забот кое е последица на метаболизамот на шеќери предизвикан од бактериите. Во тој процес се ослободуваат киселини. Киселините кои ги ствараат бактериите доведуваат до оштетување на забот и појава на кариес. Кариесот се лекува безболно со примена на анестезија. По анестезирањето се чистат кариозните маси и на крај се надополнува кавитетот со современи естетски нанокомпозитни пломби-матерјали базирани на нанотехнологија кои имаат опалесценција и транспарентност на природниот заб.
– ЕНДОДОНЦИЈА-
Народски познато како вадење на нерв, умртвување на забот.
Во случаи кога кариесот не е третиран навремено тој продира до нервот на забот при што се јавува болка. Во зависност од дијагнозата се пристапува кон лекување на забот. За ендодонтското лекување може да бидат потребни и неколку посети на стоматолог и подразбира:
– механичка обработка на каналите со примена на ендомотор. Одредување на должина на каналите со примена на апекслокатор
– хемиска обработка на каналите со примена на соодветни иригациони средства
– оптурација-полнење, херметичко затварање на каналите со соодветни медикаментозни полнења и гутаперка.
– БОЛЕСТИ НА УСТА И ПАРОДОНТОТ-
Со превентивното отстранување на меките наслаги како и чистењето на забен камен се одржува и продолжува здравјето на гингивите и пародонциумот на забите.
ГИНГИВИТ- е првата фаза од пародолталната болест. Се карактеризира со непријатен мирис од устата, болни и отечени гингиви кои на допир крварат.
ПАРОДОНТИТИС- е следна фаза каде што како резултат на акумулиран забен плак и забен камен гингивата се повлекува од забите. Се формираат џебови помеѓу гингивата и забите и на тој начин се исполнуваат со бактерии. Во напредната фаза доаѓа до губење на коската, расклатување на забите и нивно губење. При појава на пародонтитис се врши и механичка, ласерска и медикаментозна обработка на пародонталните џебови со што болеста се одржува под контрола.
КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ И ЗАКАЖЕТЕ КОНСУЛТАЦИЈА. НАШИОТ ТИМ Е СЕКОГАШ ТУКА ЗА ВАС.