Целосна грижа за вашето орално здравје
(брзо и ефикасно)
За нас
Дент Артис е приватна стоматолошка установа која е основана во јуни 2000 година од страна на д-р Хузри Исмани.
Во самиот почеток во нашата ординација се обезбедуваше општа примарна стоматолошка дејност, во тек со времето и едукативно усовршување на стоматолошкиот тим, со следење на многу семинари и курсеви во земјава и надвор од неа, Дент Артис се развиваше и почна со примена на услуги и од повеќе специјализирани гранки на стоматолошката дејност, како што е оралната хирургија, имплантологија, современа фиксна протетика, ортодонција, итн.

Пациентот и неговото орално здравје се наш приоритет во Дент Артис, од почетокот со голема посветеност стоиме на располагање на нивните потреби и маки, и максимално се грижиме да им овозможиме најдобри безболни услуги, со користење на најсовремените техники и апарати.
Стоматолошкиот тим во Дент Артис се состои од доктори по општа стоматологија, специјалисти од различни гранки на стоматологија, медицински персонал, администратори и забни техничари, кои постојано се едуцираат со следење на различни семинари и курсеви за да бидат во чекор со иновативните методи и техники на современата стоматологија.
Дент Артис располага со модерни и добро опремени простории за потребите на своите пациенти. Организирана е во посебна зграда на 4 нивоа со паркинг за повеќе возила, голема чекална, 10 нови стоматолошки столови, 5 посебни кабинети, рентген апарати / 3Д, VIP кабинет, едукативен центар, ласери за меко и кошчено ткиво, интраорални скенери и современи апарати, најдобрите и најскапи стоматолошки брендови за лекови и материјали, мини ресторан, забна техника со 5 CAD/CAM машини, и многу опрема од последниот збор на современата стоматологија.
Дент Артис се наоѓа во Скопје, во општина Чаир, на самиот булевар “Христијан Тодоровски Карпош” број 98Б. Лесно пристапна од повеќе населби на градот и надвор од него.
Дент Артис сега е благодарна на сите пациенти кои не ја посетиле, и секогаш ќе биде отворена за нивните потреби и за критики.
Работиме сите денови од неделата од 09:00 до 18:00 – понеделник, вторник, среда, четврток и петок.
Викендите и празниците, ординацијата е затворена.